Свет Балкан Мадагаскар ја призна независноста на Косово, соопшти Пацоли на „Твитер“

Мадагаскар ја призна независноста на Косово, соопшти Пацоли на „Твитер“

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека Мадагаскар ја признал независноста на Косово, на маргините на министерската конференција на Меѓународната организација на франкофонијата во Париз.

Пацоли информацијата ја објави на својот твитер-профил.

„Задоволство ми е да објавам дека Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава“, напиша шефот на косовската дипломатија на „Твитер“.

Заменик-министерот за надворешни работи, Петрит Сељими, исто така „твитна“ дека Мадагаскар го признал Косово.

На истата конференција во Париз учествува и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој изразил очекување дека „ќе продолжи процесот на повлекување на признавањата“, соопштило Министерството за надворешни работи на Србија, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“.