Свет Балкан Лошото време остави без струја 16 села во Албанија, големи поплави и...

Лошото време остави без струја 16 села во Албанија, големи поплави и во Италија

Фото: Принтскрин од видеа на Јутуб

Лошото време предизвика 16 села во областа Лежа, северозападна Албанија да останат без струја. Како што јави „ТВ Клан Албанија“, силниот ветер ги оштетил далноводите во селата и од синоќа, овие области немаат електрична енергија.

Оваа телевизија објави и дека во градот Корча, на југот на земјата, ветрот оштетил  многу дрвја и соборил покрив од станбена зграда, што можело да предизвика трагедија. Властите започнаа со работа за враќање на состојбата во нормала.

Екстремните врнежи оваа недела урнаа рекорди и во делови од Италија. „Скај њуз“  вчера објави дека во северозападна Италија за само 12 часа наврнале 29 инчи (околу 740 милиметри) дожд, со што е поставен нов европски рекорд на врнежи за волку краток временски период.