Дописници Кучи тврди дека сме подготвени да ја надминеме нафтената криза, но не...

Кучи тврди дека сме подготвени да ја надминеме нафтената криза, но не кажа како

Како влада, ги преземаме сите мерки да не се случи нафтена криза во Македонија, изјави министерот за економија, Дритон Кучи, по неколкудневните протести на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, каде се блокирани голем број македонски камиони и цистерни, кои од Грција превезуваат нафта и други горива.

Министерот Кучи рече дека кружат информации дека протестите и блокадите во Грција ќе се прошират, но истакна дека како држава сме подготвени да ги надминеме проблемите, без да посочи кои се можните решенија.

– Вчера имав директен контакт со нашиот амбасадор во Грција, кој ни укажа на проблемите. Таму, во Грција, веќе се зборува дека освен кај Евзони, блокади ќе има и на автопатот Игнатија и на други места, информации кои не укажуваат на надминување на внатрешните проблеми во Грција. Но, ние, како влада, ќе повторам, ги преземаме сите мерки да не се случи нафтена криза – рече Кучи.