Свет Свет Избодени четири лица во Масачусетс, убиецот застрелан

Избодени четири лица во Масачусетс, убиецот застрелан

Полицијата во сојузната американска држава Масачусетс застрела маж кој со нож избоде четири лица. Двајца од избодените им подлегнале на повредите, а полицијата го убила напаѓачот.

Како што јавуваат локалните медиуми, инцидентот се случил во градот Тонтон, на околу 65 километри јужно од Бостон. Две лица биле избодени во трговски центар во градот, додека другите две во куќа во самиот град.

Полицијата соопшти дека напаѓачот, пред да ги избоде лицата во трговскиот центар, со возило удрил во излогот на една од продавниците.

Засега не се познати причините за нападот.