Македонија Инспекторка вели дека на дивата депонија кај Шутка не треба да се...

Инспекторка вели дека на дивата депонија кај Шутка не треба да се фрла ниту шут

Фото: Арбнора Мемети

На депонијата во Шуто Оризари не смее да се одлага ниту ѓубре ниту шут, категорично вели општинската инспекторка Анета Манчевска, отфрлајќи ги тврдењата на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, пишува „Порталб“.

-Не, не е вистина дека смее да се остава таму. Донесовме заклучок да не се фрла ѓубре ниту шут. Местото треба целосно да се исчисти – вели Манчевска.
Нејзината изјава доаѓа откако Смилевски за „Порталб“ изјави дека со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, се договориле дека на депонијата смее да се фрла само шут.

Дудуш, инаку, повеќе од една седмица не дал одговор на прашањето на „Порталб“ за камион што исфрлал ѓубре на дивата деопнија, а возачот рекол дека тоа го прави со дозвола од општината. При разговорот завчера, тој повторно рекол дека не може да зборува поради проблеми со грлото.