Свет Балкан Харадинај бара САД да се вклучат во преговорите меѓу Косово и Србија

Харадинај бара САД да се вклучат во преговорите меѓу Косово и Србија

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, порача дека Брисел очигледно „не може да ја заврши работата меѓу Косово и Србија“ и замоли Вашингтон да интервенира, а ако не го стори тоа, Белград и Приштина да бидат оставени „да си ја завршат работата сами“, пишува српски „Блиц“.

– Вашингтон е добар во завршувањето на работите меѓу Косово и Србија. Но, ако САД не дојдат да ни помогнат, тогаш едноставно не би требало повеќе да чекаме, туку самите да си ја завршиме работата. Немаме луксуз да чекаме уште многу време – истакна Харадинај на предизборен митинг на неговата партија во Подуево.