Свет Балкан Грција на пат кон воведување гласање на дијаспората на парламентарните и европските...

Грција на пат кон воведување гласање на дијаспората на парламентарните и европските избори

За да се изгласа амандманот, односно да се воведе гласање на дијаспората, потребни се најмалку 200 пратенички гласови

By NikosLikomitros - Own work, CC0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=129661474

Министерката за внатрешни работи на Грција, Ники Керамеус, поднесе предлог за амандман на законот за гласање преку пошта со кој се предвидува Грците надвор од границите на земјата да гласаат на изборите за националниот и за Европскиот парламент, јави грчки „Екатимерини“.

Тоа практично значи дека ако се изгласа во грчкиот парламент, и Грците од дијаспората ќе може да гласаат на ваквите избори.

За амандманот се дознало на вчерашната парламентарна расправа за законодавството поврзано со „европските“, односно гласањето за пратеници од Грција во Европскиот парламент и за референдумите.

За да се изгласа амандманот, односно да се воведе гласање на дијаспората, потребни се најмалку 200 пратенички гласови.

Гласањето за новиот предлог-закон ќе се случи до крајот на оваа седмица.