Дописници Фатиме Фетаи во Штип ги оценуваше студентите во симулирано судење

Фатиме Фетаи во Штип ги оценуваше студентите во симулирано судење

Поранешната специјална јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, беше дел од комисијата што ги оценуваше студентите по право од четирите државни правни факултети од Штип, Тетово, Скопје и Битола. Симулираното судење се одржа вчера на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 

Фатиме Фетаи го привлече вниманието со своето присуство, но сепак, пред новинарите не сакаше да зборува на ниту една тема. Таа го посвети своето време за студентите, кои се натпреваруваа во тоа кој ќе понуди најдобри аргументи на симулираното судење.

Овој традиционален натпревар на студентите по право е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, а покрај обвинителката Фетаи, во комисијата беше и судијата Лазар Нанев. Првото место на овогодишниот натпревар го освоија домаќините – студентите од Правниот факултет при Унивезитетот „Гоце Делчев“ од Штип.