Свет Балкан Европската унија апелира на дијалог во Црна Гора

Европската унија апелира на дијалог во Црна Гора

Делегацијата на Европската унија во Црна Гора изрази загриженост поради судирите меѓу полицијата и демонстрантите, за време на протестите во Подгорица и апелираше на враќање на политичкиот дијалог.

– Очекуваме од надлежните органи ефикасно да ги истражат сите инциденти во согласност со принципите на владеење на правото. И додека демонстрациите претставуваат легитимен и легален начин на изразување на политички и на други мислења, тие треба да бидат мирни, во согласнот со законите – се вели во соопштението на ЕУ.

Делегацијата на ЕУ апелираше до сите политички партии повторно да се вклучат во конструктивен дијалог во Собранието на Црна Гора.

Во Подгорица синоќа се случија нереди на протестот што го организираше опозицискиот Демократскиот фронт пред Собранието на Црна Гора, при што демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на парламентот и се судрија со полицијата.