Главна секција До 12 часот регистрирани 29 нови случаи на корона вирус, вкупно 114...

До 12 часот регистрирани 29 нови случаи на корона вирус, вкупно 114 заразени

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денес до 12 часот изнесува 114. Најголем дел од новорегистрираните случаи се во Скопје, вкупно 22. Во Штип се регистрирани 3 нови случаи, 2 во Дебар и по 1 во Куманово и Охрид.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 во нашата земја се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1), соопштуваат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба. Кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите, посочуваат од министерството.