Македонија Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

Техничкиот премиер задолжен за организирање на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев, попладнево до Собранието ги доставил оставките на министрите и замениците-министри од редовите на СДСМ во техничката Влада.

Димитриев ги доставил оставките на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и на дополнителните заменици-министри, Кире Наумов за финансии, Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство и Александар Кирацовски за информатичко општество и за администрација.

Министрите од редовите на СДСМ денеска до техничкиот премиерот доставија условени оставки кои треба да бидат констатирани доколку стапи на сила одлуката за распуштање на Собранието.

Според претходно донесената одлука, парламентот треба да се распушти на полноќ, но во тек се разговори меѓу политичките партии за можно одложување на одлуката.