Македонија Црна Гора останува затворена за македонските граѓани, Грција ги засилува мерките

Црна Гора останува затворена за македонските граѓани, Грција ги засилува мерките

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите најави дополнителни мерки за копнените граници кон Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Грција, кои и онака се отворени само за грчки државјани и оние кои имаат дозвола за престој.

Како дополнителна мерка е тоа што од утре на единствениот отворен граничен премин меѓу Северна Македонија и Грција, „Евзони“ ќе има забрана за било какво поминување на возила во периодот од 23 часот до 7 часот наутро.

Ваквата мерка, посочува Пецас, се должи на тоа што Грција смета дека континуираното поминување на копнените граници е еден од трите ризици за зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во земјата.

Денеска и Црна Гора го прошири списокот на држави чии што граѓани можат да влезат во оваа приморска земја без никакви ограничувања, но тоа не важи за Северна Македонија.

Станува збор за граѓаните на државите Азербејџан, Белорусија, Канада, Русија, Украина и Зимбабве.