Свет Балкан Бугарското МНР го повикало македонскиот амбасадор да реагира за „неточни тврдења на...

Бугарското МНР го повикало македонскиот амбасадор да реагира за „неточни тврдења на политичари“

Оттаму посочуваат дека постојано поддржуваат конструктивен тон и се воздржуваат од коментари

Фото: МНР на Бугарија

Бугарското министерство за надворешни работи (МНР) го повикало на средба македонскиот амбасадор во Софија, како што велат, „во врска со неодамнешните јавни коментари“ на овдешни политичари кои ширеле „неточни тврдења“, но не прецизираат за кого точно станува збор.

Оттаму посочуваат дека постојано поддржуваат конструктивен тон и се воздржуваат од коментари. Тоа го прават, како што велат, „со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина на општествено спокојство за да може да се реализираат неопходните реформи“.