Свет Балкан Бугарија го врати својот амбасадор во Скопје

Бугарија го врати својот амбасадор во Скопје

Фото: МНР на Бугарија

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, којшто беше повлечен во Софија по инцидентот со тепањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, се вратил во Скопје вчера, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg повикувајќи се на бугарското МНР.

Од министерството велат дека Ангелов бил дел од официјалната делегација на бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера и потоа останал во Скопје. Демерџиев вчера имаше средба со својот македонски колега Оливер Спасовски за да се дефинираат чекорите за спречување инциденти на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев в сабота во Скопје.