Свет Балкан Блокадите на грчките земјоделци продолжуваат со ист интензитет

Блокадите на грчките земјоделци продолжуваат со ист интензитет

Грчките земјоделци чекаат да се врати премиерот Алексис Ципрас за да се обидат да почнат преговори со грчката влада околу нивните барања за укинување на одлуката за намалување на пензиите и за укинување на земјоделските субвенции.

Додека Ципрас се врати од Брисел, земјоделските блокади продолжуваат, а Грција останува поделена на два дела поради големата блокада на преминот Темпи кај Лариса.

Со ист интензитет како и изминатите четири недели и денеска продолжува блокадата на граничните премини кон Македонија. Земјоделците ќе го држат затворен преминот Богородица до 14 часот и од 19 до 22 часот.

Дојран ќе биде блокиран од 17 до 21 часот. Преминот кај Битола, Меџитлија, како и грчко-албанската граница се блокирани од 10 часот утринава и ќе бидат блокирани 12 часа.