Свет Европа Банката „Ју-Би-Ес“ под истрага поради корупцијата во ФИФА

Банката „Ју-Би-Ес“ под истрага поради корупцијата во ФИФА

Швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ е под истрага поради поврзаноста со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), чии челници се осомничени за корупција.

– Во „Ју-Би-Ес“ се истражуваат сметките на ФИФА и на другите фудбалски сојузи, органи и поединци – соопшти најголемата швајцарска банка.

Истрагата се води против поединци и организации, меѓу кои се и сите наведени во обвинението на американските правосудни органи од 20 мај годинава, во врска со корупцијата во ФИФА.

Според швајцарските закони, банките се должни да ги пријават сите сомнителни сметки и финансиски трансакции. Швајцарските власти во јули открија дури 81 случај на трансакции кои „мирисаат“ на перење пари за сметките на ФИФА.