Свет Европа Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“.

Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција во Брисел.

„Абдеслам сака да замине за Франција што е можно поскоро“, изјавил за француските медиуми неговиот адвокат, Свен Мари.

Претходната изјава на Мари беше дека Абдеслам, кој е роден во Белгија, но има француско државјанство, ќе се спротистави на екстрадицијата.

Терористичките напади што се случија во Брисел, во вторникот оваа недела, а во кои загинаа 32 лица, се поврзуваат со терористичките напади во Париз и со апсењето на Абдеслам.