Свет Балкан Хан: Земјите од Западен Балкан да не станат паркиралиште за бегалци

Хан: Земјите од Западен Балкан да не станат паркиралиште за бегалци

Треба да ја избегнеме ситуацијата земјите од Западен Балкан, кои се кандидати за членство во ЕУ, да станат паркиралиште за бегалци, изјави денеска еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на неформалниот совет за надворешни работи на Европската унија, посветен на западно-балканската мигрантска рута, кој се одржува во Амстердам.

Хан предупреди дека решенијата, донесенувани одделно од земјите, може да имаат домино-ефект.

– Шенгенскиот договор е симбол на Европа и не треба да дозволиме да пропадне – изјави еврокомесарот Хан.