Македонија Зоран Милески-Кичеец побара одложување на издржувањето казна затвор од три години

Зоран Милески-Кичеец побара одложување на издржувањето казна затвор од три години

Фото: Арбнора Мемети

Зоран Милески-Кичеец побарал одложување на затворската казна од три години за случајот „Рекет“, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

Од судот во Скопје информираат дека Милески го известил судот дека по приемот на Упатниот акт ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид. Поради ова, за одлучување по поднесеното барање за одложување на затворската казна, како и по понатамошното постапување по предметот, надлежен е Основниот суд во Охрид, до кој предметот веќе бил испратен од скопскиот суд.

Според упатниот акт, Милески требаше сам да се пријави на издржување на казната до вчера, кога, за одредени медиуми изјави дека сам ќе се пријави во КПУ Затвор „Скопје“ и нема да бара одложување на казната.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“.