Свет Земјотрес во Јапонија: Најмалку 39 повредени, урнати 37 куќи во две села

Земјотрес во Јапонија: Најмалку 39 повредени, урнати 37 куќи во две села

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, а бил почувствувал во 27 од 47 јапонски префектури.

Најмалку 39 лица се повредени, од кои седум потешко, во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што вчера го погоди централниот дел од Јапонија, јавуваат агенциите.

Повредените, главно, се здобиле со скрешници, пренесуваат американските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил северно од градот Нагано, во истоимената префектура, кој заедно со селата Хакуба и Огава го претрпеле најсилниот удар.

Како што соопштиле локалните власти, во Хакуба биле урнати најмалку 30 куќи, а уште седум во блиското село Отари.

Во областите околу епицентарот на земјотресот биле евакуирани околу 1.000 лица, а во неколку населби дошло до прекин во снабдувањето со вода, која се довезува со цистерни.

Во погодените области и натаму се чувствуваат подземни потреси, што ќе траат уште една недела и ќе бидат следени со ризик од појава на свлечишта и на лавини.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, а се почувствувал во 27 од 47 јапонски префектури.

Надлежните јапонски власти не издале предупредување за појава на цунами, а, според нив, не се регистрирани никакви невообичаени појави во трите нуклеарни централи во погодените области.