Македонија Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со...

Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање на проекти во пет области: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри

Извор на визуелизација: ЕУ

Во Брисел денеска беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012- 2027)“, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ за поддршката што ѝ ја дава на нашата земја.

„Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата  на јавните услуги“, изјави министерот Алиу.

Тој додаде дека владата останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ, а со потпишаниот договор се покажува посветеноста на Северна Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера.

„Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри“, изјави министерот Алиу.

Инаку, министерот Азир Алиу е во тридневна официјална посета на Брисел, каде оствари низа значајни средби.