Подглавна секција Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство

Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство

„Неопходно е ресетирање, зборувам за замена на голем број државни лидери, не само во армискиот сектор“, рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборува на Генералното собрание на ОН / фото: Укринформ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека размислува за „ресетирање“ на раководството во Украина, со промена на неколку високи функционери, заради тоа што има шпекулации дека се подготвува да го отпушти врховниот командант на вооружените сили на земјата, пренесува „Гардијан“.

„Неопходно е ресетирање, зборувам за замена на голем број државни лидери, не само во армискиот сектор“, рече Зеленски.

Според шпекулациите, Зеленски е близу до разрешување на популарниот командант на вооружените сили, Валериј Залужни. Тие биле во несогласувања околу спроведувањето на двегодишната руска инвазија на Украина.

Но, во интервјуто во неделата, Зеленски рече дека промените би значеле не само замена на едно лице, туку на повеќе.

„Кога зборувам за промени, имам на ум нешто сериозно што не се однесува на еден човек, туку на насоките на раководството на земјата“, изјави Зеленски.

За да победи Украина во војната, Зеленски рече дека мора „сите да притискаат во иста насока“.

„Не можеме да бидеме обесхрабрени, мора да ја имаме вистинската и позитивна енергија, негативноста мора да се остави дома“, додаде тој.