Свет Запленети 11 тони кокаин во Колумбија

Запленети 11 тони кокаин во Колумбија

Единаесет тони кокаин се запленети во заедничката акција на полициите на Италија, Колумбија и на САД, јавуваат светските медиуми.

При акцијата се уапсени и 33 луѓе, кои биле дел од криминална мрежа која рафинирала наркотици во џунглата на Колумбија и ги шверцувала во контејнери со овошје. Дваесет и двајца од уапсените се Колумбијци, додека другите се Италијанци.

Како што соопшти началникот на италијанската националната служба за борба со мафијата, Франко Роберти, поголем дел од кокаинот е запленет во Колумбија.

Тој додаде дека при акцијата се откриени седум лаборатории во колумбиската џунгла, од каде потоа дрогата со бродови се превезувала до Европа и до САД.