Главна секција Заев: Ахмети не ми побарал пишан документ, но штом сака, ќе го...

Заев: Ахмети не ми побарал пишан документ, но штом сака, ќе го добие

Ќе им ги дадеме материјалите на ДУИ, правиме сè да се заврши процесот на собирање потписи за да можеме да влеземе во преговори за формирање влада, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Тој рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, досега лично не му побарал никаков пишан документ, но ако решил да го бара тоа, ќе го добие.

– Зборот е збор, било да е усно кажан или на писмено. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено – рече Заев.

Лидерот на СДСМ, по средбата со Хан рече дека еврокомесарот сметал дека треба што побргу да се формира влада. Заев додаде дека е подготвен да разговара со сите партии на Албанците и дека има позитивен став кон нивната платформа. Конечниот став, рече тој, ќе го соопшти откако ќе го добие мандатот за формирање влада.

За собирање на потписите, Заев рече дека нема рок, но нагласи дека има и некои црвени линии до кога може да се чека.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Хан изјави дека чекаат писмени материјали од СДСM за да свикаат средба на централното претседателство и да одлучат за понатамошните чекори.