Економија За да нема прекин на гас во регионот, Гастрејд ќе гради пловечка...

За да нема прекин на гас во регионот, Гастрејд ќе гради пловечка единица за складирање и ре-гасификација

Гастрејд до Регулаторната управа за енергетика на Грција поднел барање за нова лиценца за изведба на самостоен систем за природен гас (INGS), информираат од компанијата. Новиот проект „Thrace INGS“ ќе се состои од пловечка единица за складирање и ре-гасификација и ќе се развива на Тракиското Море, покрај брегот на грчкиот град Александрополис.

„Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU) ќе има капацитет за складирање од 170.000 метри кубни течен природен гас и ќе може да испорачува најмногу 22,7 милиони кубни метри дневно или 5,5 милијарди кубни метри природен гас годишно. Проектот, исто така, ќе вклучи воден и копнен цевководен систем кој ќе ја поврзе пловечката единица за складирање и регасификација (FRSU) со постојните копнени цевководи за пренос на гас во областа“, информираат од Гастрејд.

Проектот треба да ја зајакне енергетската безбедност и диверзификацијата на изворите и рутите за снабдување со гас во Грција и целиот регион на Југоисточна Европа, но и материјално ќе го намали секој ризик од прекин на снабдувањето со природен гас во овој дел од Европа.

Гастрejд е првата компанија во Грција која што веќе ја доби лиценцата за Самостоен систем за природен гас за изградба на терминалот за течен природен гас Александрополис. За овој проект неодамна беше донесена конечната одлука за инвестирање и сега тој е во фаза на имплементација, со план да биде во функција кон крајот на следната година.

Проектот е вклучен во Оперативната програма на Националната стратешка референтна рамка (NSRF) „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“, информираат од компанијата.