Главна секција Втора жртва од корона вирусот, почина 63-годишен пациент од Дебар

Втора жртва од корона вирусот, почина 63-годишен пациент од Дебар

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од корона вирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

„Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и тој починал“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Ова е втора жртва на корона вирусот во Македонија. Министерството за здравство информираше дека изминатиов викенд од КОВИД-19 починала и 57 – годишна жена од Куманово.