Дописници Возач на автобус шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид

Возач на автобус шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид

Возач на македонски автобус, кој сообраќал на релација Хамбург – Охрид, шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид.

Царинската управа на Македонија, на граничниот премин Табановце, во два непријавени куфери, сопственост на возачот – македонски државјанин, открила и  запленила 2.655 парчиња разни таблети.

Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.