Свет Балкан Во Србија уапсен бегалец со ист пасош како на терористот од Париз

Во Србија уапсен бегалец со ист пасош како на терористот од Париз

Српската полиција уапсила бегалец кој имал пасош со истите детали како тој пронајден во близина на телото на еден од напаѓачите во Париз, пишува „Гардијан“.

Сите генералии на пасошот биле исти, освен фотографијата.

Српските власти се сомневаат дека двата пасоша се фалсификувани и додаваат дека се во контакт со француските истражители.

Француската полиција пронашла сириски пасош со името Ахмед Алмухамед во близина на трупот на терористот што го извршил нападот во близина на стадионот „Стад де Франс“. Алмухамед на 7 ноември бил регистриран во Прешево, каде влегол преку Грција и Македонија, а заминал преку Србија за Хрватска, па преку Унгарија во Австрија.