Видео Во Марсеј тепачка помеѓу навивачи на Русија и на Англија

Во Марсеј тепачка помеѓу навивачи на Русија и на Англија

Група руски и англиски навивачи се степаа во Марсеј, а снимката од тепачката во која летале шишиња и столови е објавена на интернет.

Тепачката се случила во пресрет на натпреварот на двете фудбалски репрезентации на Европското првенство во фудбал, кое вчера почна во Франција.

Полицијата против напаѓачите употребила солзавец. Во тепачката учествувале околу 200 луѓе, а двајца Англичани се уапсени.

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Русија и на Англија се игра вечерва, со почеток во 21 часот, на стадионот „Велодром“ во Марсеј.