Свет Во експлозијата во Кина загинаа 44 лица, повеќе од 500 повредени

Во експлозијата во Кина загинаа 44 лица, повеќе од 500 повредени

Бројот на загинати во силната експолозија во складиштето со опасен материјал во кинескиот град Тианјин се зголеми на 44, додека повредени се повеќе од 500 лица, јави утрово кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Полицијата во Тианјин соопштила дека почетната експлозија ја предизвикала пратка во еден од магацините, а дека раковдството на компанијата е приведено.

Околните населби на третиот по големина град во Кина останале и без електрична енергија.
Кинескиот претседател Си Џинмпинг апелираше да се вложи максимален напор да се спасат што повеќе луѓе и што побргу да се изгасне пожарот.

Тианјин е главно пристаниште во индустриско подрачје источно од Пекинг.