Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори кои му биле дадени, а згора на тоа најавувал и заплашувал со нарачаните папки што ги имал за Катица Јанева. СДСМ/Сорос ги ценат само своите медиумски миленичиња кои мафтаат со опашката на команда на нивниот стопан. Сите други медиуми според СДСМ и Сорос треба да се казнуваат драконски и да им се одземаат лиценци“, стои во соопштението на партијата.

Оттаму велат дека ниту Министерството за внатрешни работи (МВР) под контрола на СДСМ, ниту Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) не реагирале со осуда на „макар еден случај“ кога активисти на СДСМ/Сорос се заканувале и напаѓале новинари кои се „неподобни според Заев“.

„Ваков третман имаа ‘Радио слободна Македонија’, МТВ, ‘Курир’, ‘Сител’ и низа други. Овој однос е срамен и под секое ниво. Токму затоа процесот на десоросоизација на македонските медиуми е и повеќе од неопходен“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ