Таг: десоросоизација

таг: десоросоизација

„Црна“ кампања на медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ против Сорос, ФООМ, Бејли и УСАИД

Во периодот од март до јуни, во просек по 7 прилози дневно се објавувало на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и друго, стои во анализата која ја спроведе „НВО Инфоцентар“. По формирањето на Владата предводена од СДСМ, интензитетот...

Завршени се истрагите против невладините организации – криминал нема, вели Спасовски

Истрагата за невладините организации е завршена затоа што не биле пронајдени нелегални дејности, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - По извршените анализи и консултации со Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР, односно Бирото за јавна безбедност заедно со Управата за финансиска полиција ги затворивме овие истраги бидејќи не постојат никакви докази што можат да ја потврдат...

Владата со 800.000 евра ќе финансира граѓански здруженија и фондации

Владата на Република Македонија денеска објави оглас за финансиска поддршка, во вкупен износ од 50 милиони денари, односно околу 800.000 евра, на активности на здруженија на граѓани и на фондации. Според огласот, објавен во весникот „Дневник“, грантовите се поделени во две категории. Грантови во износ од 1.845.000 денари (30.000 евра) до 3.075.000 денари (50.000 евра) или вкупно 36,9 милиони денари или...

Го „дефакторизираа“ македонскиот јазик, а сега се фалат дека го бранат

Во постизборниот период, како продолжение на политичката криза во земјава, соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и јавните настапи на високи функционери на таа партија, ги обележуваат зборови и јазични изрази кои досега не биле присутни во секојдневната употреба - „десоросоизација“, „дефакторизација“, „просоросова“, „фашисоросоидна“, „тиранска платформа“... Ако се вратиме наназад, сè почна од прогласот што лидерот на партијата, Никола Груевски, го прочита...

ВМРО-ДПМНЕ: Милчин и неговите невладини го погребаа граѓанскиот сектор

СДСМ, Сорос и нивните мегафони молчат за донацијата од 118.000 денари кои невработениот студент Ивана Туфегџиќ му ги даде на аболираниот криминалец Зоран Заев и за донацијата од 184.000 денари кои соросовиот платеник Павле Богоевски ги донираше на сметка на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туфегџиќ парите во висина од 40 студентски стипендии наместо да ги донира кон граѓански организации, ги...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори...

Груевски: Хан сфати дека влада на широка коалиција е неизводлива идеја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ изјави дека еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во земјава дошол со идеја да ги охрабри политичките партии за широка владина коалиција, но по разговорите со партиските лидери дошол до заклучок дека такво нешто не е изводливо. - Низ разговорите тој сфати дека во Македонија широката коалиција е...

ВМРО-ДПМНЕ: Десоросоизацијата веќе почна и враќање нема

Хајката што по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ и Сорос праќаат меилови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите што ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни...

Арифи: Нападите врз Сорос се лоши и за Македонците и за Албанците

Целиот тој феномен што се именува како „десоросоизација“ е лош за процесите во Македонија и кај Македонците и кај Албанците, изјави потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, во емисијата „Топ-тема“. - Во целиот албански говорен простор, медиуми и невладин сектор, не може да најдете текстови на анимозитет кон работата на Сорос. Тоа докажува дека и во ДУИ може да има размислувања,...

Формирано ново граѓанско движење „Стоп операција Сорос“

„Стоп операција Сорос“ е името на новото граѓанско движење преку кое, како што велат основачите, во наредниот период „ќе се иницира и ќе се даде придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија“. Граѓанското движење ќе се водело од максимата „Не прашувај што државата направила за тебе туку што ти си направил за државата“. Еден од основачите, Никола Србов, вели дека...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се согласуваат околу „десоросоизацијата“

ДУИ не се согласува со досегашниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за процесот на „десоросоизација“, најавен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од ДУИ за телевизија „Алсат М“ велат дека имаат добра соработка со невладиниот сектор и со Фондацијата „Отворено општество“. Не споменувајќи ја директно ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ велат дека државните органи треба да се занимаваат со можните сомнежи од аспект...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се душмани на новинарството и на граѓанскиот сектор

„СДСМ и Сорос се најголемите душмани на независното новинарство и на граѓанските иницијативи во Република Македонија. Тие преку истурање грантови, системски ги корумпираат новинарите и медиумите кои без приговори ги извршуваат задачите што им се даваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор, создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите што ги...

Премиерот Мицкоски најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти

Ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти во државата, најави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашната отворена програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на...