Македонија Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара консензус за заклучоците

Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара консензус за заклучоците

Извор на фотографија: Собрание на РСМ

Владата, на денешната 59 седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.

На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ќе учествуваат во дебатата, но бараат консензус за заклучоците и ги повикаа колегите од мнозинството да не одат по принцип на надгласување, затоа што „преговарачката рамка не е прашање на бројки, туку на квалитет, добро преговарање и услови кои се прифатливи и воспоставени стандарди во ЕУ и за досегашните земји членки, како и за тие што сега преговараат“.