Македонија Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Управниот суд ја одбил тужбата на судијката Лидија Неделкова против Судскиот совет, во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд, јавува „Телевизија 24“.

Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Судскиот совет го одби нејзиниот приговор во кој таа имаше забелешки на начинот на кој Советот го спровел вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд. Според Неделкова, Судскиот совет не ги зел предвид ниту нејзините научни трудови објавени во влијателни списанија.

Во трката за претседател на Врховниот суд се актуелната в.д. претседателка на највисокиот суд во државата, Снежана Бајлозова, поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, и судијката Беса Адеми.

Судскиот совет сè уште не ја завршил постапката за избор и нема закажано седница кога ќе се избираат претседателите на Врховниот и на Кривичниот суд. Во трката за Кривичен останаа поранешниот претседател, Владимир Панчевски, и судијата Иван Џолев.