Видео Украинци нападнаа автобуси со сонародници евакуирани од Кина

Украинци нападнаа автобуси со сонародници евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан вчеравечер биле „пречекани“ од револтирани жители со дожд од камења во градот Нови Санжари, во регионот Полтава во централна Украина, јавија светските новински агенции.

Вкупно 45 Украинци и 27 странски државјани претходно вчера биле евакуирани со авион од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата на новиот корона вирус, и биле првин пренесени во украинскиот град Харкив, а оттаму со шест автобуси биле однесени во бањата во Нови Санжари, каде треба да минат 14 дена во карантин.

Локалните жители, кои имале запалено огнови, почнале да фрлаат камења по автобусите кога тие пристигнале а имало и обиди за поголемо насилство . Интервенирале специјални полициски сили со оклопни транспортери и сега ситуацијата е смирена.

Украинската служба за безбедност ги истражува околностите на лажен мејл од Министерството за здравство кој велел дека некои од евакураните се заразени и смета дека оваа измама повлијаела да грдиот инцидент во Нови Санжари.

Тројца Украинци и еден жител на Казахстан вчера не биле пренесени од Кина во Украина, бидејќи имале симптоми на новиот корона вирус.