Свет Талибанците извршија жесток напад на авганистанскиот парламент

Талибанците извршија жесток напад на авганистанскиот парламент

Талибанците утрово извеле жесток напад на авганистанскиот парламент, во главниот град на земјата, Кабул, каде борбите меѓу безбедносните сили и напаѓачите сè уште траат, јавува „Би-Би-Си“.

Засега нема информации за евентуални жртви и за повредени во нападот.

Напаѓачите детонирале автомобил-бомба пред парламентот, пред да влезат во самата зграда, пренесуваат медиумите.

Полицијата ги евакуира луѓето од зградата, обидувајќи се истовремено да им возврати на напаѓачите.

Според талибанците, целта на нападот е тој да коинцидира со гласањето во парламентот за нов министер за одбрана.

Локални медиуми пренесуваат дека по нападот на зградата на парламентот, се слушнала уште една експлозија во населбата Дахмазанг во Кабул.