Свет Балкан Србија основаше Фонд за Западен Балкан

Србија основаше Фонд за Западен Балкан

Одборот за надворешни работи на српското собрание го прифати предлогот на владата за формирање фонд за Западен Балкан, а дел од опозицијата предупреди дека тоа е еден чекор поблиску кон признавање на независноста на Косово.

Целта на основањето на овој фонд е зајакнување на врските и поттикнување на евроинтеграциите на Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово, Македонија и на Србија, како и за заедничко претставување на трети земји.

Пратениците на Српската радикална партија и на Демократската партија на Србија побараа овој предлог да се повлече од собраниска процедура. Тие тврдат дека предлогот е противуставен и дека со Косово не може да се потпишуваат меѓународни договори, бидејќи според нив „Косово не е држава“.

Во министерството за надворешни работи на Србија објасниле дека договорот е формулиран на начин со кој станува јасно дека Косово е територија под меѓународно управување во состав на Србија.