Дописници Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ да им се дадат пари на...

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ да им се дадат пари на поплавените во Тетовско

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Битола денеска не го поддржале предлогот на опозицијата за поплавените во Тетовско да се издвојат еден милион денари од буџетот на Општината како помош за претрпените штети.

Советникот на ЛДП, Валентин Груевски, на денешната седница дал предлог дневниот ред да биде дополнет со одлука за утврдување финансиска помош за поплавените во Тетово и во Тетовско во висина од еден милион денари.

Но, советниците од власта, кои се мнозинство во Советот, гласале воздржано.

– Сликите од Тетовско се страотни по последните поплави, да не ги заборавиме жртвите. На тие луѓе им треба помош за разурнатите куќи, барем со симболична сума можеме да им помогнеме да си ги обноват домовите. Не е време да навлегуваме во причините за поплавите, туку сега е време да им се помогне на обичните граѓани кои останаа без домови – образложил Груевски.

Сепак, 14 присутни советници на власта дигнале раце и гласале воздржано за предлогот на опозицијата.

А.Б.