Свет Состанок на Советот за безбедност на ОН поради ракетните тестови на Северна...

Состанок на Советот за безбедност на ОН поради ракетните тестови на Северна Кореја

Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја денеска побараа итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за севернокорејското лансирање на нов тип балистичка ракета со среден до долг дострел, соопшти денеска претставник на мисијата на САД во ОН.

Како што соопшти јужнокорејската војска, Северна Кореја користела систем „студено исфрлање“, каде проектилот го покрева компресиран гас. Јужнокорејската војска наведе дека станува збор за тип ракети со среден дострел.