Главна секција Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен...

Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен обвинител

Предлогот на Владата за распишување на оглас за именување на нов државен јавен обвинител е ставен на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, закажана за 4 септември.

Како што може да се види од најавата за седницата, на интернет страницата на Собранието, предлогот е 11. точка од дневниот ред на седницата.

Според постапката предвидена со Законот за јавни обвинители, Собранието треба на предлог на Владата да донесе одлука за распишување на огласот за именување на државен јавен обвинител.

Собранието во четвртокот, минатата недела го разреши Марко Зврлевски од функцијата државен јавен обвинител, а во вторникот оваа недела, Владата ја почна постапката за избор на нов шеф на Јавното обвинителство, односно го достави предлогот до Собранието.

Инаку, Советот на јавни обвинители поради немање кворум денеска ја одложи седницата за избор на заменик на разрешениот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, кој ќе треба да ја врши оваа функција до изборот на нов Јавен обвинител.