Свет Европа Симболичен референдум за независност во Каталонија

Симболичен референдум за независност во Каталонија

Денеска регионалните националистички власти на Каталонија спроведуваат „симболично изјаснување за независност“. На ова изјаснување, кое нема никакво правно значење, околу 5,4 милиони Каталонци треба да се изјаснат дали се за отцепување на регионот од Шпанија.

На референдумот, што и покрај противњето на Мадрид го организира регионалната влада на каталонксиот премиер Артур Мас, Каталонците треба да одговорат на две прашања: дали сакаат Каталонија да стане држава и ако сакаат, дали таа треба да биде независна.