Свет Европа Шпанската полиција заплени три тони кокаин

Шпанската полиција заплени три тони кокаин

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила три тони кокаин и уапсила 12 лица од Велика Британија, Холандија и во Шпанија, осомничени за шверц на дрога, јавуваат светските медиуми.

Кокаинот бил откриен во северо-западниот регион Галиција, а сомневањата се дека дрогата е на шверцерскиот канал кој дејствува во јужниот дел на Коста Дел Сол, пренесува „Би-Би-Си“.

Според полициските информации, станува збор за најголема заплена на кокаин во изминатите 17 години.

Шпанија е главна порта во Европа низ која влегува шверцуваната дрога од Јужна Америка.