Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите, наместо да продолжува со лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите, наместо да продолжува со лаги

„ВМРО-ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција, која ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжува со лагите за личните интереси на Никола Груевски“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Оттаму велат дека демократските процеси се одвиваат во согласност си Уставот, законите и со деловникот.

„Тоа го знае целата домашна, но и меѓународна јавност, која го поздрави именувањето на новиот собраниски претседател“, велат од СДСМ.