Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси, 11 години ги кочеше

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси, 11 години ги кочеше

„ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и во НАТО. Но, спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и на интересите на граѓаните, ги кочеше евроатлантските интеграции“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Во соопштението се додава дека членството во ЕУ и во НАТО е клучен стратешки приоритет на Македонија.

„Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евроатлантските перспективи преку отворен дијалог со опозицијата, стручната јавност и со граѓанското општество. Затоа, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да се однесуваат конструктивно, да дадат поддршка на интегративните политики и активно да работат за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО, што е врвен државен и граѓански интерес“, се додава во соопштението.