Македонија СДСМ: Помина времето кога граѓани „за уши, еден по еден“ се носеле...

СДСМ: Помина времето кога граѓани „за уши, еден по еден“ се носеле на гласање

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), се огласи со реакција на обвинувањата што денеска на прес-конференција ги изрече Спиро Ристовски, претседател на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини за огромни нерегуларности и „бугарски возови“ во првиот круг од локалните избори, кој се одржа во неделата, 15 октомври. Владејачката партија на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува дека завршило времето кога снемувало ливчиња, се правеле „бугарски возови“, а граѓаните „за уши еден по еден“ се ваделе да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите обезбедија слободни избори, ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно после долг период имаше фер, демократски и слободни избори на кои граѓаните гласаа слободно и без притисоци, што беше потврдено и од извештаите на релевантните институции. Резултатите јасно покажаа каква е вистинската избирачка волја кога граѓаните гласаат слободно и без притисоци. Изборниот поткуп, злоупотребата на државните институции и ресурси, заканите и списоците за притисоци на граѓаните беа одлика на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата од СДСМ.