fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за изборни нерегуларности

-

Постојано ни пристигнуваат информации за огромни изборни нерегуларности, злоупотреби, кршења на процедури, притисоци. По завршувањето на гласањето на повеќе локации низ државата забележано е недостаток или вишок на гласачки ливчиња. На голем број места не соодветствува бројот на ливчињата и бројот на потпишани граѓани што гласале, што укажува на сериозни сомневања за организиран т.н. бугарски воз, со што се наполнети кутиите со однапред заокружени гласачки ливчиња за кандидатите на СДСМ, тврди Спиро Ристовски, претседател на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ рече дека гласачко ливче од општина Карпош е најдено во гласачки кутии во општина Охрид, гласачко ливче од Велес е најдено во гласачки кутии во Струмица, како и дека во Гевгелија на избирачкото место 334 по затворање на гласачко место констатирано е дека недостасува гласачко ливче и од листата за советници но и од листата за градоначалници, што е и заведено и во записникот, додека во општина Берово, во селото Русиново ливче од листа на советници недостасува во рамки на утврдениот број на истите.

– Ова се сериозни докази дека има сериозни сомневања за спроведен изборен фалсификат со таканаречен метод на бугарски воз. Според утврденото од терен и информациите објавени по медиумите постојат основи на сомнение дека биле испечатени и паралелни гласачки ливчиња, едни за потребите на ДИК, други за потребите на СДС, кои однапред им биле давани на гласачите. Доказ за ова се пронајдени гласачки ливчиња во Ресен со ист сериски број – рече Ристовски.

Шефот на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини и ДИК дека на вчерашната седница не казнила многу незаконитости.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...