Македонија СДСМ: Граѓаните достојно го прославија историскиот успех

СДСМ: Граѓаните достојно го прославија историскиот успех

На ВМРО-ДПМНЕ не и се битни ниту интересите на граѓаните, ниту иднината на државата, нивната единствена цел е одбрана на криминалот сторен од врвот на партијата, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ во очај полни автобуси со граѓани и ги принудува да го бранат криминалот. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку условување за амнестија да ја закочи македонската иднина. Македонија оди напред. Граѓаните се цврсто определени за влез во ЕУ и НАТО и затоа достојно го прославија историскиот успех – покана за влез во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ. Граѓаните велат не за амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните велат да за членство во ЕУ и НАТО, граѓаните велат да за македонската иднина“, се вели во партиското соопштение.