Свет Балкан Сарафов: Автобусот на автопатот „Струма“ се движел со несоодветна брзина

Сарафов: Автобусот на автопатот „Струма“ се движел со несоодветна брзина

Фото: Јавно обвинителство на Република Бугарија, prb.bg

Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани е во завршна фаза и ги очекуваме конечните заклучоци од наложените експертизи – судско-медицинсктаа, автотехничката, пожарникарската и комплекснатато. Тоа би можело да се се случи пред Божик (25 декември), порача во утринската емисија „Денот почнува“ на Бугарската национална телевизија (БНТ), директорот на Националната истражна служба и заменик главен обвинител, Борислав Сарафов.

Тој во емисијата рече дека брзината на автобусот била несоодветна и според сета веројатност, надминувала 90 километри на час.. Тоа значи дека можеби имало некаква манипулација на автобусот, бидејќи поголемиот број патнички автобуси имаат технички ограничувачи за да не ја надминуваат одредената брзина на движење, рече тој.

Сарафов, сепак, не ја отфрла можноста и знаците и маркациите да не биле соодветни.

„Барањата за еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач. Затоа е неопходно и брзината да била усогласена со условите, независно од знаците и од условите на патот. Да, можно е ознаките на патот да не одговарале, тие очигледно не ги задоволуваат барањата, но нема никаква причинско-последична врска меѓу несреќата и лошата патна сиганизација. Таа претпоставува дека возачот ќе биде повнимателен и ќе вози со определена брзина.“, вели Сарафов.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи на 23 ноември, загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Седуммина патници успеале да го скршат задното стакло на автобусот и да се спасат. Несреќата се случи кога патниците се враќале дома по неколкудневна прошетка во Истанбул.