понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: вештачење | 25 резултати

Крим-техничари ја обија бравата на „опелот“ од „Монструм“ за да се направи увид

септември 11, 2018

Во депото на Агенцијата за управување со одземен имот денеска беше извршен увид во црвениот „опел омега“ кој беше посочен како автомобилот со кој се превезувале сторителите на петкратниот масакр кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Судиите од скопскиот Кривичен суд, Огнен Ставрев и Осман Шабани, заедно со обвинителите од СЈО, Фатиме Фетами […]

Адвокатите на Канческа – Милевска ги спорат вештачењата на СЈО, следното рочиште на 13 март

февруари 21, 2018

Со приговори на одбраната околу вештачењето на доказите и за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство помина првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска. Претседателот на судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје, Осман Шабани, го прекина рочиштето и следното го закажа за […]

„Трансмет“ не му дозволил на вештакот на СЈО да изврши увид во фирмата

декември 12, 2017

На вештакот кој по барање на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Труст“ требало да направи увид на механизацијата употребувана за ископ на јаглен и јаловина не му било дозволено да влезе во фирмата на обвинетиот бизнисмен Сеад Кочан – „Трансмет“. Вештакот, кој сведочеше на денешното рочиште, рече дека доставил барање до „Трансмет“ за да изврши […]

Со нож нападнати двајца тетовци

март 20, 2017

Двајца тетовци на возраст од 26 и од 30 години, ноќеска биле нападнати со нож, при што добиле повреди по вратот, грбот и на екстремитетите. Двајцата повредени, со возило на итна медицинска помош, биле пренесени во тетовската клиничка болница. Помладиот од нив, поради сериозноста на повредите, префрлен е во Клиничкиот центар во Скопје. Осомничени за […]

Шестмина осомничени од Прилеп, Битола и од Арачиново уапсени во акцијата на МВР

март 19, 2017

Шестмина, од вкупно осум осомничени лица, биле уапсени во вчерашната акција на МВР против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава, соопшти денеска Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во акцијата, која МВР ја спровело по насоки од обвинителството, осомничени се […]

Цимерот на бездомникот од Битола е осомничен за неговото убиство

јануари 28, 2017

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А. (53) од Битола, поради постоење основан сомнеж дека извршил убиство. Настанот се случил во текот на ноќта помеѓу 24 и 25 јануари, во неутврдено време, при што пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети, на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и […]

Возач загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

декември 4, 2016

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа околу 21.15 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Станува збор за Благоја Р. (37) од струшкото село Мороишта, кој веднаш по несреќата со возило на итна помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде […]

40-годишен скопјанец загина во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

ноември 22, 2016

Четириесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Колари, соопшти денеска Јавното обвинителство. Несреќата се случила кога во С.А. удрило комби со скопски регистарски таблички, што го управувал 52-годишен жител на Скопје. „Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло […]

Стефановиќ: ДНК-траги од најмалку три лица на оружјето најдено кај домот на Вучиќ

октомври 31, 2016

Со вештачење на оружјето и на муницијата пронајдени во близи на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, идентификувани биле парцијални траги од ДНК од најмалку три лица, соопшти денеска министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Сепак, изјави Стефановиќ, дел од трагите биле едни преку други и тешко било да се изолира еден […]

Психијатриско лекување на осомничениот за убиството на полицаецот, побара ОЈО Куманово

септември 13, 2016

Кумановското Основно јавно обвинителство побарало на осомничениот за убиството на полицаецот, кое се случи во јули оваа година, судот да му одреди задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. „Основното јавно обвинителство Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба […]

Скопјанец фатен во Кичево со нелегална ловна пушка и со арсенал муниција

јули 13, 2016

Скопјанецот А.Ј (23) е фатен на железничката станица во Кичево со нелегална ловна пушка и со арсенал муниција. При извршен преглед, кај него се пронајдени и му се одземени едно огнено оружје – ловна пушка марка „ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри од руско производство, како и повеќе видови куршуми. Поради постоење основан сомнеж за […]

Обвинителство: Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово

јуни 27, 2016

Основното јавно обвинителство Куманово почнало истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на шестгодишното момче што викендов загина во лифт во станбена зграда во Куманово. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека е издадена наредба за вештачење на лифтот, кое ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје. „По наредба на надлежен јавен обвинител, […]

Судот им го укина куќниот притвор на Савески и на Куновски

јуни 10, 2016

Кривичниот суд им го укина куќниот притвор на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на протестите против аболицијата од 13 април. Куновски, кој од судот излезе видно возбуден, во име на Левица се заблагодари на, како што ја нарече, […]

Повторно одложено рочиштето на членовите на Левица

мај 31, 2016

Денешното судење на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Следното рочиште е закажано на 10 јуни. Одбраната се уште не го добила вештачењето поради тоа што не може да ја подготват листата на докази. Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е […]

Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето

мај 19, 2016

Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е […]

Петковски бил погоден од заскитан, а не од „наменет“ куршум

мај 16, 2016

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, не бил цел на планиран вооружен напад со политичка заднина, туку бил погоден во ногата од заскитан куршум. Ова го наговестуваат резулатите од вештачењето на проектилот што пред Велигден го погоди во нога поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен партиски функционер во Битола, дознава „Мета“. Според наши извори од […]

„Анималиа“: Отруен лебед кај селото Радожда – остатоците испратени на вештачење

април 1, 2016

Невладината организација за заштита на животни „Анималиа”, со соопштение алармираше дека кај струшкото село е отруен лебед. Остатоците од лебедот денеска биле подигнати од ветеринарен инспекторат и се испратени на вештачење во Скопје. Локалниот ветеринарен инспектор потврдил дека испратил лица да го подигне мртвиот лебед. – Очекуваме преку тоа вештачење да стигнеме не само до […]

Возач загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

август 21, 2015

Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево. Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил […]

Во куќа на гостиварец, најдени 12 стебла марихуана

јули 21, 2015

Екипа на гостварската полиција вчера, по наредба на судија на претходна постапка, извршила претрес во домот на 34-годишниот Д.С., каде пронашла вкупно 12 стебла канабис сатива (марихуана). Како што информираат од полицијата, при претресот, една од саксиите со марихуана била најдена во бањата, додека другите 11, полицајците ги пронашле во дворот од куќата. Стеблата марихуана […]

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

јуни 8, 2015

Насер Ештрефи (19), обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, бил свесен за делото што го извршил, изјавил психологот, кој на денешното рочиште давал свое мислење за писхичката состојба на обвинетиот, пренесува „Плусинфо“. И во првото вештачење беше утврдено дека обвинетиот бил свесен за настанот и за делото, но одбраната не го прифати тој наод […]

Страна 1 од 2