Свет САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската...

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница

краинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница, рече американскиот државен секретар Џон Кери.

Украинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка и камиони со војници до проруските сили во Источна Украина, кои се во судир со украинските сили.

– Доволно е да се каже дека имаме несогласувања за некои факти кои се однесуваат на Украина. Се договоривме да разменуваме информации за тоа. Исто така, се договоривме да го продолжиме овој дијалог – изјави Кери во Пекинг.

Тој денеска разговараше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Пекинг, каде в понеделник почнува дводневен самит на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка.